Gülbin Yıldırım
17 Ноември 2018•Ажурирај: 18 Ноември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Кина неодамна испратила листа на компромиси за постигнување на трговски договор, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп за новинарите во Oвалната соба изјави дека понатамошните тарифи за кинеската стока можеби понатаму нема да бидат потребни, затоа што Кина сака да склучи договор.
„Тие испратија листа на работи што се подготвени да ги направат и тоа е голема листа“, додаде тој.
Коментарите на Трамп дадoa поттик за американските акции со индустрискиот индекс Дау Џонс, кои го завршија денот со повеќе од 100 поени.
Трамп, сепак, остана посветен на своето долгогодишно барање за „реципрочна трговија“ со Кина, која е одговорна за голем дел од американскиот трговски дефицит. САД минатата година објавија дефицит во вредност од 376 милијарди долари за стоките со Кина, што е повеќе од 66 отсто од вкупниот дефицит од 566 милијарди долари.
Администрацијата на Трамп презеде контроверзни чекори за намалување на својот трговски дефицит со заштитни мерки и ставање тарифи на кинеската стока во вредност од 250 милијарди долари.
Трамп, исто така се закани со поставување додатни тарифи на стоката во вредност од 267 милијарди долари во напорите да ја врати Кина на преговарачката маса.
Но досега тарифите на Вашингтон врз Пекинг не претставуваа „лек“ за американскиот дефицит на патот да се постави рекорд во 2018 година. Дефицитот со Кина, исто така се зголеми на 301 милијарда долари во првите 9 месеци од 2018 година, за 10 отсто во споредба со септември 2017 година.
И покрај официјалните бројки од неговиот Трговски оддел, Трамп смета дека неговите трговски политики работат на притисок врз Кина да потпише реципрочен трговски договор.
„Кина никогаш не била ставена на оваа позиција“, потврди тој, додавајќи дека цените на кинескиот имот се намалени околу 30 отсто од воведувањето на трговски мерки.
„Мислам дека ќе имаме договор. Ќе откриеме многу наскоро“, изјави Трамп.