Meryem Göktaş
17 Ноември 2018•Ажурирај: 17 Ноември 2018
АНКАРА (AA) - Саудискиот принц Мохамед бин Салман го нареди убиството на новинарот Џамал Кашогги, заклучи Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), пренесува Anadolu Agency (AA).
„ЦИА дојде до заклучок дека принцот бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги”, објави американскиот весник Вашингтон Пост (Washington Post) изнесувајќи го тврдењето врз основа на четири анонимни извори.
„Оценкаката на ЦИА, во која како што рекоа функционерите, имаат голема доверба, претставува до денес најконретно поврзување на Мухамед (бин Салман) со таа операција и дополнително ги комплцира напорите на администрацијата на Трамп да ги сочува односите со блискиот сојузник”, се наведува во текстот на весникот.
Според текстот, ЦИА дојде до заклучок со испрашување на повеќе извори на разузнавачки служби, вклучувајќи и телефонски разговор помеѓу амбасадорот на Саудиска Арабија во САД и братот на престолонаследникот Калин бин Салман, со Кашоги. Изворите кои говореа под услов на строга анонимност, рекоа дека Калид му рекол на Кашоги дека би требал да отиде во саудискиот конзулат во Истанбул заради документите кои му биле потребни да се венча, уверувајќи го дека ќе помине безбедно.
„Не е јасно дали Калид знаел дали Кашоги ќе биде убиен, но му упатил повик на инструкција на неговиот брат, според тврдењата на луѓето кои се запознати со повикот кој го пресретна американската разузнавачка служба”, наведува Вашингтон Пост.
Кашоги, новинар и колумнист на весникот Вашингтон Пост, убиен е на 2 октомври во зградата на саудискиот конзулат во Истанбул.
Турското обвинителство отрки дека Кашоги е удавен веднаш по влегувањето во конзулатот, а неговото тело е исечено на делови и уништено.
По неколку недели негирање на било каква вмешаност во злосторството, Саудиска Арабија подоцна призна дека Кашоги е убиен во конзулатот. но тврдејќи дека саудиското кралско семејство претходно немало сознанија за убиството на новинарот.