Ekip
17 Ноември 2018•Ажурирај: 18 Ноември 2018
ГАЗА (АА) - По преговорите со лидерите на Хамас за примирје со Израел, делегацијата од разузнавачкиот сервис на Египет денес го напушти Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Делегацијата ја напушти палестинската територија преку преминот Ерез“, изјави официјалниот палестински извор, под услов да остане анонимен.
Тој, сепак, не прецизираше на која дестинација се упатила египетската делегација.
Делегацијата од Египет во Газа пристигна во четвртокот и одржа разговори со голем број лидери на Хамас, вклучувајќи го лидерот на групата во Газа, Јахуа Синвар.
Фракциите на отпор во Газа и Израел постигнаа договор за прекин на огнот со посредство на Египет, со кој се прекинаа дводневните израелски напади во Газа по ракетниот оган од енклавата.
Најмалку 14 Палестинци беа убиени во израелските напади од неделата во блокираниот Појас Газа, по ракетниот оган од приморска територија. Најмалку еден израелски војник загина, а друг е повреден во насилството.
Во последниве неколку недели, египетските власти се вклучија во интензивна шатл-дипломатија меѓу Појасот Газа, Западниот Брег и Израел, при што се состанаа со претставници на Хамас, Фатах и израелските власти.
Разговорите се со цел постигнување на примирје меѓу Хамас и Израел и постигнување на помирување меѓу ривалските палестински фракции Хамас и Фатах.