Kasım İleri
17 Ноември 2018•Ажурирај: 18 Ноември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека во моментов не го разгледуваат испорачувањето на Фетула Ѓулен, лидерот на ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред да замине за Калифорнија, напуштајќи ја Белата куќа, американскиот претседател Трамп им се обрати на новинарите.
Одговарајќи на прашањата поврзани со соопштението на американската Централна информативна агенција (ЦИА) дека наредбата за убиството на новинарот Џамал Кашоги е издадена од саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Селман, Трамп рече дека сѐ уште немал брифинг од страна на ЦИА, но додаде дека на оваа тема ќе разговара денеска со шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео и со одговорните од службата за разузнавање.
„Досега ни беше кажано дека тој (Мохамед Бин Селман) немал никаква улога во случајот. Ќе чекаме да видиме што ќе ни кажат.“
Освен тоа, претседателот Трамп, во врска со Саудиска Арабија, ја даде следната констатација: „Навистина извонреден партнер за вработувања и економски развој.“
На прашањето дали Ѓулен ќе биде испорачан, Трамп одговори: „Тоа не е нешто што го разгледуваме во моментов. Гледаме што можеме да направиме за Турција, во секое време гледаме. Искрено, тоа го правиме за сите земји со кои имаме добри односи.“
Во врска со односите со Турција, Трамп го истакна следното:
„Имаме многу добар момент со Турција. Знаете, ни го испорача свештеникот Брансон пред неколку недели. Имаме многу добри односи со претседателот (Ердоган). Тој ми е пријател. Тој е моќен и интелигентен човек."