свет

Новите царини на Трамп стапија на сила

- Минатата недела Трамп потпиша извршни наредби со кои се воведуваат таканаречени „реципрочни“ царини за над 67 земји и покрај стравувањата дека ваквиот потег би можел да ја зголеми инфлацијата и да го забави растот на работните места.

Amir Latif Arain  | 07.08.2025 - Обновена : 07.08.2025
Новите царини на Трамп стапија на сила

АНКАРА (AA) – Новите зголемени глобални царини што ги наметна претседателот на САД, Доналд Трамп, стапија на сила денес, со стапки што се движат од 15% до 50% за стоки што се увезуваат во земјата, јавува Анадолу.

Минатата недела Трамп потпиша извршни наредби со кои се воведуваат таканаречени „реципрочни“ царини за над 67 земји и покрај стравувањата дека ваквиот потег би можел да ја зголеми инфлацијата и да го забави растот на работните места.

Највисоки царини се воведени за стоки од Индија и Бразил (по 50%), Лаос и Мјанмар (по 40%), Швајцарија (39%), Ирак и Србија (по 35%).

Со царини поголеми од 15% се соочуваат 21 земја, меѓу кои Виетнам (20%), Тајван (20%), Пакистан (19%) и Тајланд (19%).

Првично, за Индија беше предвидена царина од 25%, но во средата Трамп најави уште една, дополнителна царина од 25% поради, како што рече, „континуираните набавки на руска нафта од страна на Њу Делхи“, отворајќи нов фронт во неговите трговски војни.

Индиските власти остро реагираа на одлуката, оценувајќи ја како „нефер, неоправдана и неразумна“.

Американски официјален претставник за медиумите изјави дека увозот од Јапонија нема да добие посебен третман, како што верувале јапонските власти по неодамнешниот трговски договор.

Според него, новата царина од 15% за Јапонија ќе се додаде врз веќе постојните стапки за увоз од Токио, за разлика од Европската Унија, која ќе биде поштедена од дополнителни царини.

Овој развој е во јасен контраст со објаснувањата на јапонската Влада за условите од последниот договор со американската администрација.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın