свет

Израелската армија објави дека нападнала воена инфраструктура на Хезболах во Јужен Либан

- Портпаролот на израелската армија, Авичај Адрае, во објавата на својот профил на платформата X наведе дека е извршен напад врз позициите на Хезболах во Јужен Либан, вклучително и врз складишта за оружје и ракетна лансирна рампа.

Gülşen Topçu  | 07.08.2025 - Обновена : 08.08.2025
 Израелската армија објави дека нападнала воена инфраструктура на Хезболах во Јужен Либан

ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската армија објави дека извршила напад врз воена инфраструктура на Хезболах во Јужен Либан, известува Анадолу.

Портпаролот на израелската армија, Авичај Адрае, во објавата на својот профил на платформата X наведе дека е извршен напад врз позициите на Хезболах во Јужен Либан, вклучително и врз складишта за оружје и ракетна лансирна рампа.

Адрае тврди дека „Хезболах продолжува со обидите да ја обнови својата инфраструктура низ целиот Либан, загрозувајќи го либанскиот народ и користејќи го како човечки штит“.

Во објавата тој вели дека „присуството на таква борбена опрема и активностите на Хезболах претставуваат прекршување на договорите меѓу Израел и Либан“.

Во меѓувреме, либанското Министерство за здравство објави дека две лица се повредени во нападот на израелската армија, кој според првичните извештаи бил насочен врз северните делови на градот Деир Серјан, во близина на реката Литани.

Во веста што претходно ја објави либанската новинска агенција ННА се вели дека израелската армија го нападнала северниот дел од градот Деир Серјан, бомбардирајќи гаража што се користи за возила и градежна опрема.

И покрај прекинот на огнот меѓу Израел и Либан, кој стапи на сила на 27 ноември 2024 година, израелската армија продолжува да извршува речиси секојдневни воздушни и копнени напади врз Јужен Либан.

Израелската армија изврши приближно 3.000 прекршувања во Либан од стапувањето на сила на прекинот на огнот, при што загинаа најмалку 213 лица, а повредени се 508.

Иако израелската армија делумно се повлече од Јужен Либан, таа ја одржува својата окупација на пет стратегиски рида што ги освои во неодамнешните напади.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın