Admir Fazlagic
20 Април 2016•Ажурирај: 21 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - На регионалниот пат Демир Капија- Неготино, полициски службеници забележале возило со 12 мигранти, кои по преземените мерки се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје, соопшти МВР, пренесува Anadolu Agency (AA).
"На 20.04.2016 година на регионалниот пат Демир Капија-Неготино полициски службеници забележале патничко возило „Фолксваген Пасат“, кое во близина на с.Тревник застанало и од истото излегле 12 илегални мигранти (11 од Авганистан и еден од Пакистан), а додека возачот се дал во бегство",се вели во соопштението.
По превземени мерки мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци Скопје, а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот, извести МВР.