свет, спорт

Месут Озил на социјалните мрежи зборуваше за тортурата врз Ујгурците во Кина

- Озил на социјалните мрежи напиша: „Ујгурските мажи се ставаат во логори, а жените под присила се мажат за Кинези, но и покрај сѐ исламската заедница молчи, не им излегува во пресрет да им помогне“

Murat Keleş, Bedrudin Brlyavac  | 14.12.2019 - Обновена : 16.12.2019
Месут Озил на социјалните мрежи зборуваше за тортурата врз Ујгурците во Кина

ЛОНДОН

Месут Озил, фудбалерот на англискиот премиерлигаш Арсенал, се огласи по случувањата во кинеската провинција Синкјанг, каде што ујгурските муслимани се жртви на тортура и прогон, јавува Агенција Анадолија (АА).

Фудбалерот Озил на социјалните мрежи напиша текст за страдањата и тортурата врз ујгурските муслимани во кинеската провинција Синкјанг (Источен Туркистан).

Во текстот Озил истакнува дека Ујгурците се заедница која сама се брани од тортурата, додавајќи дека се прави обид ујгурската заедница со присила да се оддалечи од сопствената вера. „Во Кина се затвораат џамии, теолошките училишта и медреси се забранети и се палат Курани. Верските учители се убиваат еден по еден“, потенцира Озил во својот текст.

„Ујгурските мажи се ставаат во логори, а жените под присила се мажат за Кинези, но и покрај сѐ исламската заедница молчи, не им излегува во пресрет да им помогне. Зарем не знаат дека согласноста со прогонот сама по себе претставува прогон? И покрај сѐ, муслиманите молчат. Зетот на божјиот пратеник Мухамед, Али, има кажано: Ако не можете да го спречите прогонот, тогаш јавно зборувајте за него“, напиша Озил на социјалните мрежи.

Тој се прашува каде се и зошто молчат муслиманскиот свет и муслиманските медиуми, иако со недели и со месеци се пишува за страдањата на Ујгурците од кинеската провинција Синкјанг (Источен Туркистан), вклучувајќи ги тука и западните медиуми и држави. „Зарем не знаат дека таму каде што постои прогон, неутралноста е нечесна. Зарем не знаат дека низа години подоцна, Ујгурците нема да се сеќаваат на тие болни денови и на суровата тортура, туку на фактот дека ние не им помогнавме. Боже, помогни им на нашите браќа во Источен Туркистан (кинеската провинција Синкјанг)“, наведува Озил во својот текст на социјалните мрежи.

По оваа објава на Озил, се огласи фудбалскиот клуб Арсенал, кој се дистанцираше од коментарот на нивниот играч.

„Врз основа на изјавите на Месут Озил дадени на социјалните мрежи, Арсенал мора да даде изјава“, објави англискиот фудбалски клуб, што меѓу другото беше објавено и на кинеската платформа „Веибо“ (Weibo).

„Содржината на пораката претставува лично мислење на Озил. Арсенал е клуб кој се придржува на своите принципи и не сака да се меша во политика“, се додава во соопштението на англискиот клуб.

Инаку Ујгурците се автохтон народ на кинеската покраина Синкјанг (Источен Туркистан), автономен регион во северозападна Кина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın