Ali Murat Alhas
14 Декември 2019•Ажурирај: 15 Декември 2019
ДОХА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, и челникот на либиската Влада на национално единство, признаена од Обединетите нации (ОН), Фајез ал-Сараџ, денес разговараа за неодамна потпишаниот Договор за поморско исцртување на границите и за договорите за воена и безбедносна соработка на 19. форум „Доха“, што се одржа во Катар, јавува Агенција Анадолија (АА).
На 7 ноември, Анкара и либиската Влада со седиште во Триполи постигнаа два посебни меморандуми за разбирање, еден за воена соработка, како и за поморските граници на двете држави во Источниот Медитеран.
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, истакна дека договорите се засновани на меѓународното право, и дека двете држави преку тоа се обидуваат да ги заштитат своите легитимни права во подрачјето, каде што тензичноста се зголеми по откривањето на резервите на јаглеводороди (фосилни горива) во вредност од стотици милијарди долари.
По Договорот за воена соработка, турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, неодамна изјави дека Анкара може да размисли за испраќање трупи во Либија доколку либиската Влада упати такво барање.