Mohamed Sabry Emam Muhammed
14 Декември 2019•Ажурирај: 16 Декември 2019
КАРТУМ (АА) - Суданскиот суд го осуди поранешниот претседател Омар ал Башир на две години затвор за корупција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Судот во Картум го прогласи Ал Башир (75) виновен за корупција и незаконито поседување странска валута.
Поддржувачите на поранешниот претседател го прекинуваа судењето извикувајќи слогани, со што го натераа судијата да ги отстрани од судницата.
Ал Башир беше симнат од власт од страна на Војската во април, по неколкумесечни протести на населението против неговото 30-годишно владеење.
По неговото соборување, властите одзедоа 7 милиони евра, 351.000 долари и 5 милиони судански фунти од неговиот дом.
Обвинителите го товарат Ал Башир за корупција, поседување странска валута и нелегално примање подароци.
Од неговото соборување, Ал Башир се држи во затворот „Кобер“ во Картум.