Erbil Başay
14 Декември 2019•Ажурирај: 16 Декември 2019
БЕРЛИН (АА) - Во третиот квартал од 2019 година во Германија се извршени 187 исламофобични напади, јавува Агенција Анадолија (AA).
Според најновите податоци на германската Влада, во земјата во третиот квартал извршени се вкупно 187 кривични дела мотивирани од исламофобија, при што повредени се осум лица.
Во истиот период, поради вмешаност во напади, полицијата уапсила осум лица, од кои шест во покраината Хесен.
Во овој период изведени се исламофобични напади на вкупно 25 џамии или други исламски верски објекти.
Од германската Влада наведоа дека овие податоци не се конечни и дека бројот на напади може да е поголем, со додавањето нови податоци.
Во вториот квартал од оваа година во Германија извршени се вкупно 222 кривични дела мотивирани од исламофобија, а во првите три месеци 188.
Претседателот на Исламскиот совет на Германија, Бурхан Кесиџи, за АА изјави дека во последните години е забележан пораст на исламофобијата и омразата кон муслиманите во Германија, како и сè повеќе напади врз џамии и муслимани.
Истакна дека проблем претставува и фактот што многу жртви на исламофобични напади воопшто не ги пријавуваат нападите и инцидентите во полиција.
„Секој исламофобичен напад треба да се пријави во полиција. Ова е многу важно со цел да се покаже дека исламофобијата е сериозен проблем во Германија“, истакна Кесиџи.