Erbil Başay
12 Септември 2018•Ажурирај: 12 Септември 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека муслиманите и евреите во нејзината земја, токму како и христијаните и атеистите, се составен дел од германското општество, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел за време на обраќањето во германскиот Бундестаг се осврна на случајот со убиството во Шеминц, во кој со нож е убиен германски државјанин.
„Евреите и муслиманите, токму како и христијаните и атеистите, се составен дел од нашето општество, нашите партии, нашиот општествен живот“, изјави Меркел, и додаде дека по усогласувањето за оваа тема може да се зборува и за други проблеми.
Меркел порача дека во нејзината земја постојат правила кои не можат да ги заменат емоциите. Како што истакна, поголемиот дел од жителите на Германија работат на квалитетно заедништво и толеранција.
Зборувајќи за случајот од градот Шеминц, во кој лице, за кое се претпоставува дека е барател на азил во Германија, со нож убило германски државјанин, Меркел изјави дека ги разбира луѓето кои негодуваат поради ваквите случаи.
Таа истакна дека Уставот го гарантира правото на протест, но нагласи дека на никого нема да му бидат толерирани дела како насилство врз луѓето, нацистички пароли, непријателски ставови кон поразличните и напади на полицијата.
Меркел, осврнувајќи се на актуелните случувања во Сирија, на конкретните дискусии околу тоа дали Германија ќе се вклучи во евентуална заедничка операција на САД, Франција и Велика Британија во случај режимот на Асад да изврши напад со хемиско оружје, изјави:
„Ако некаде се употреби хемиско оружје или не се почитуваат меѓународните договори, игнорирањето нема да биде нашиот одговор.“
Меркел нагласи дека сите одговори на Германија на тој план ќе бидат донесени во согласност со Уставот и во Парламентот.