свет

Кинеските компании започнаа со потрага на литиум во Авганистан

- Претставници на пет кинески компании пристигнаа во Авганистан со специјална виза за да бараат ресурси за литиум во земјата разурната од војна, чија вредност се проценува на 1 билион долари

Riyaz Khaliq Khaliq  | 25.11.2021 - Обновена : 26.11.2021
Кинеските компании започнаа со потрага на литиум во Авганистан Фото: Архива / АА

ИСТАНБУЛ

Претставници на пет кинески компании пристигнаа во Авганистан со специјална виза за да бараат ресурси за литиум во земјата разурната од војна, чија вредност се проценува на 1 билион долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Официјални лица вршат посети на местото за да ја истражат екстракцијата на металот, кој е критичен, но оскуден ресурс што се користи во батериите и другите технологии кои се сметаат за клучни за справување со климатската криза“, јавува „Глобал тајмс“.

Истражувањето на минералите, сепак, носи ризици, бидејќи привремената Влада во Авганистан се обидува да ја консолидира моќта.

Ју Мингхуи, кинески директор на Кинеско-арапскиот комитет за економска и трговска промоција, рече дека специјалните визи биле достапни по координација со авганистанското Министерство за рударство.

Според Ју, претставниците на кинеските компании биле „загрижени за основните гаранции за безбедноста и социјалниот поредок во Авганистан“.

„Некои веруваат дека пријателските односи меѓу Кина и Авганистан... се погодни за операциите на кинеските компании“, рече Ју.

Кина беше главен поддржувач на привремената Влада во Авганистан предводена од талибанците по заминувањето на американските сили во август и оттогаш се покажа како најголемиот придонесувач во хуманитарната помош.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.