Associated Press
25 Ноември 2021•Ажурирај: 26 Ноември 2021
ХАГ (АА) - Регулаторната агенција за лекови на Европската Унија (ЕУ) денеска ја одобри примената на вакцината на „БајоНТех“/„Фајзер“ против коронавирусот за деца на возраст од 5 до 11 години, јавува Агенција Анадолија (АА).
На овој начин е создадена можност за вакцинација на милиони деца кои одат во основно училиште, сред новиот бран на коронавирусот кој ја зафати Европа.
Ова е првпат Европската агенција за лекови да одобри вакцини против Ковид-19 за примена кај деца.
Агенцијата соопшти дека „препорачува да се продолжат индикациите за вакцинација против Ковид-19 за да се вклучи употребата кај деца на возраст од 5 до 11 години“.