свет

Метро-станицата „Арсенална“ во Украина се смета за „најдлабока во светот“

- Метрото, кое е најважното превозно средство во градот со сурова зимска клима, со своите станици кои се длабоко под земјата, во исто време претставувало и засолниште против заканата од нуклеарна војна во периодот на Студената војна

Talha Yavuz  | 25.11.2021 - Обновена : 26.11.2021
Метро-станицата „Арсенална“ во Украина се смета за „најдлабока во светот“ Фото: Талха Јавуз / Агенција Анадолија

КИЕВ (АА)

- Талха ЈАВУЗ


Метрото „Арсенална“ во Киев, главниот град на Украина, кое беше изградено и како засолниште против нуклеарни напади во периодот на Студената војна се проценува како „најдлабоката метро-станица во светот“.

Метрото во Киев е третото метро изградено во поранешниот Советски Сојуз, по оние во Москва и Санкт Петербург.

Метрото, кое е најважното превозно средство во градот во суровата зимска клима, со своите станици кои се длабоко под земјата, се сметало и за засолниште против заканата од нуклеарна војна за време на периодот на Студената војна.

Киевското метро превезува повеќе од 480 милиони патници годишно. Започна да работи во 1960 година како црвена линија со пет станици.

Денес, оваа метро-мрежа достигна должина од 67 километри и 52 станици со три линии како црвена, зелена и сина.

Првите станици изградени во „сталинистички стил“, со своите богати украси го привлекуваат вниманието на патниците.

Откако Украина ја прогласи својата независност, имињата и украсите на станиците кои асоцираа на комунизмот, почнаа да се менуваат.

„Арсенална“, која го добила своето име од блиската фабрика за оружје, се смета за најдлабоката метро-станица во светот со длабочина од 105,5 метри.

За да се спуштите по ескалаторите во метрото, потребни се околу 5 минути.


- „Најдлабоката метро-станица во светот“

Заменик-генералната директорка на Киевското метро, Наталија Макогон, во изјавата за дописникот на АА рече дека станицата е една од првите пет изградени метро-станици.

Посочувајќи дека со украсите на неговите станици метрото служело и како пропагандно средство, покрај јавниот превоз за време на комунистичката ера, Макогон нагласи дека станиците се изградени длабоко под земја поради нуклеарната закана за време на Студената војна.

Наведувајќи дека „Арсенална“ се смета за „најдлабоката метро-станица во светот“ и како таква е единствена, Макогон продолжи со зборовите: „Има некои информации дека има подлабоки станици во некои затворени земји, но сѐ уште не сме добиле официјална потврда за тоа.“

Макогон, истакнувајќи дека внатрешноста на станицата не е толку широка како другите во градот поради нејзината локација и длабочина и со оглед на технологијата од тој период, рече: „Многу посетители доаѓаат на станицата и пресметуваат колку минути се потребни за да се симнат во станицата и да се качат. Со тоа пресметуваат колку метрото е длабоко во земјата.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.