Ata Ufuk Şeker
25 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
БРИСЕЛ (АА) - Метро станицата Маелбек во Брисел каде на 22-ри март беше изведен терористички напад, од утринава повторно е отворена, јавува Anadolu Agency (AA).
Со обнова и отворање на станицата Маелбек во потполост е нормализиран метро сообраќајот кој претходно под максимални мерки на безбедност функционираше делумно.
По терористичките напади на метро станицата и аеродромот Завентем, исто така во Брисел, и аеродромот и метро станицата беа затворени.
Аеродромот Завентем од 3-ти април работи со намален капацитет и под високи безбедносни мерки. Од овој аеродром полетуваа 77 авиокомпании кон 226 дестинации. Се очекува дека аеродромот ќе започне да работи со полн капацитет во јуни.
Во утринските часови на 22-ри март, на аеродромот Завентем изведен е терористички напад. Недолго потоа, на метро станицата Маелбек бомбаш-самоубиец активираше експлозивна направа. Во двата напади загинаа 32 а ранети се над 200 лица. Одговорноста за нападите ја презеде терористичката организација ДАЕШ.