Enes Duran
25 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
ПЕДЕРНАЛЕС (АА) - Најпогоден град од земјотресите кои ја погодија јужноамериканската држава Еквадор е градот Педерналес, каде загинаа 165 лица, а околу 3.000 беа повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во еден од најголемите катастрофални земјотреси кои го доживеа градот Педерналес, лоциран на северот од Еквадор, урнати се 80% од куќите, а останатите не се за живеење.
Во градот се прекинати активностите за пребарување и спасување на преживеаните од земјотресот, а од денеска се започна со отстранување на урнатините.
За регулирање на безбедноста, во Педерналес се испратени воени и полициски единици, додека пак луѓето се обидуваат да ги спасат своите предмети од урнатите објекти.

Од земјотресот во градот загинаа 165 лица, а 3.000 се повредени. Околу 2.445 лица кои останаа без покрив над главата, се сместени во кампови на различни локации во регионот.
Многу земји од светот секојдневно испраќаат помош до настраданите од земјотресот, меѓу кои е и Турција.
Во центарот за кординација, давање помош и храна, покрај ОН и УНИЦЕФ, се наоѓаат и многу членови на невладини организации од Чиле, Колумбија, Кина, Мексико, Хрватска и Швајцарија.
По земјотресот кој се случи во саботата на 16-ти март во Еквадор, со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, во средата се случи уште еден земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтер. Во земјотресите настрадаа над 650 лица а преку 17.000 лица беа повресени.
Претседателот на државата, Рафаел Кореа, истакна дека земјотресот во Еквадор е национална катастрофа и прогласи осумдневна национална жалост. Претседателот Кореа изјави дека од земјотресот е настаната материјална штета од околу 3 милијарди долари и со цел да се надокнади настаната штета, зголемен е процентот на даноците.