Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu
25 Ноември 2021•Ажурирај: 25 Ноември 2021
ИДЛИБ (АА) - Четворица цивили се повредени во воздушните напади на Русија, која го поддржува режимот на Башар ал Асад, врз населените места во границите на деескалациската зона во Идлиб, Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Опозициската опсерваторија соопшти дека руски воени авиони извршиле воздушни напади врз селата Меџделеје, Рувејха, Марбелит и Мартаби кои се наоѓаат во границите на деескалациската зона во Идлиб.
Според информациите добиени од извори од Цивилната одбрана (Бели шлемови) во Идлиб, четворица цивили се повредени како резултат на воздушниот напад на руските авиони врз селото Меџдлеје во јужниот дел на Идлиб.
Екипите на цивилната одбрана повредените ги пренесле во најблиските болници.
- Ситуацијата во деескалациската зона во Идлиб -
На состанокот во Астана од 4-5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран се договорија за четири деескалациски зони во Идлиб и соседните покраини (Латакија, Хама и Алепо).
Но, режимот и странските терористички групи поддржани од Иран, со воздушна поддршка на Русија ја зазедоа контролата врз овие деескалациски зони, со исклучок на Идлиб.
Стотици илјади цивили кои избегаа од нападите, мигрираа кон местата близу границата со Турција.
Исто така, нападите продолжија извесно време и по Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година од страна на Русија и Турција.
Бројот на мигранти што избегаа од местата на кои се спроведуваат интензивни напади кон релативно побезбедни места во близина на границата со Турција и во областите ослободени од операциите „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“, за една година достигна 2 милиони.