Alperen Yurtoğlu
02 Септември 2016•Ажурирај: 03 Септември 2016
ВИЕНА (АА) – Полицијата во Виена казни еден таксист со парична казна од 710 евра, заради реакција против приврзаниците на терористичката ПКК, кои вршеле пропаганда против Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Настанот во кој Адали реагира против приврзаниците на ПКК, а кој се случил на 28. јули годинава заедно со снимките и сметките од платената казна ги објавил на својот профил на една од социјалните мрежи. Тој овој настан го раскажа во разговор за АА.
Адали е роден и пораснат во Австрија, а работи како таксист во Виена од 1988 година. Денот кога се случил инцидентот, Адали превезувал едно семејство до центарот на градот и по пат видел приврзаници на ПКК. Се сетил на својот другар кој загинал во Хакќари, па извикал: „Терористички ѓубриња. Вие сте терористи“, раскажува тој.
Веднаш потоа, околу 20 полициски возила го сопреле и со сила го извадиле од возилото, и како што вели Адали, го испрашувале како да е осомничен за тероризам. „Едниот ја отвори вратата од десно, другиот од лево. Ме потегнаа за раката и така набрзина ме симнаа од возилото“, нагласи Адали.
Откако Адали им ги покажал сите потребни документи, постариот од полицајците му се заканил со зборовите: „Отсега па натаму можеш да заборавиш на живот во Австрија“. Друг полицаец пак му се обратил со зборовите: „Вие, ердоганистите, сите сте исти“.
Откако му ги вратиле документите назад, му рекле дека од нив ќе добие едно добро писмо. Раскажувајќи дека писмото му стигнало на адреса пред една недела и тоа било казна од 710 евра, тој рече: „Седумстотини и десет евра се во прашање, како ние од улица да ги собираме парите“.
Објаснувајќи дека неговата казна се темели на 7 – 8 члена од законот, Адали рече: „Во казната се наведува дека сум возел пребавно таму, а секако, ако возиш повеќе од 30, добиваш казна. Потоа пишува дека сум рекол ’курдски ѓубриња’, а јас реков ’терористички ѓубриња’. Пишува и дека сум направил застој во сообраќајот. Ова е нелогично, 20 полицајци го направија застојот. Пишува ’левата лента ја користел’, а таму нема лева лента“.
Тврдејќи дека е невин, Адали нагласи дека со адвокатот ќе поднесат жалба против оваа казна.