Murad el-Arifi,Gülşen Topçu
02 Септември 2016•Ажурирај: 03 Септември 2016
ТАИЗ (AA) - Најмалку 12 лица загинаа, а 35 се ранети во судирите меѓу припадниците на бунтовничкото шиитско движење Хуси и силите лојални на соборениот јеменски претседател Али Абдула Салих во јеменскиот град Таиз, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е наведено во соопштението на Нариодниот отпор (ХДГ), лојален на претседателот Абд Рабу Мансур ел Хади, до судирот дошло во источниот и во западниот дел на градот. Во соопштението се истакнува дека загинале 12 лица, меѓу кои 11 Хуси, а ранети се 35 од кои 17 припадници на полицијата и 18 Хуси.
Исто така, во гранатирањето на центарот на градот ранети се седуммина цивили.
Јемен е во длабока политичка и безбедносна криза којашто кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна кога бунтовниците, предводени од шиитското движење Хуси, го заземаа главниот јеменски град Сана, а потоа и другите региони. Претседателот на Јемен, Абд Рабу Мансур ел Хади и неговата влада пребегаа во Саудиска Арабија.