Mehmet Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
24 Декември 2019•Ажурирај: 26 Декември 2019
ИДЛИБ (АА) – Болниците во Идлиб кои се наоѓаат под интензивни напади на режимот на Асад, Русија и групите поддржани од Иран, повикаа на итно дарување крв, јаввуа Агенција Анадолија (АА).
Доктор Тахсин Ахмед, кој не сакаше да го даде името на болницата каде што работи за да не биде цел на воздушните напади, во изјавата за АА рече дека имаат тешкотии во лекувањето на повредените како резултат на засилените воздушни и копнени напади врз Идлиб.
„Поради силните напади секој ден доаѓаат по десетици повредени. Поголемиот дел се повредени кои изгубиле големо количество крв. Можностите на болницата се исцрпени. Има итна потреба од дарување крв“, нагласи доктор Ахмед.
Од почетокот на ноември, во Идлиб вкупно 225 цивили, од кои 74 деца, ги загубиле своите животи во нападите на режимот и неговите приврзаници, а најмалку 215.000 лица се раселени.
Од друга страна, режимот на Асад и неговите поддржувачи Иран и Русија ја продолжуваат својата копнена операција на југоистокот на Идлиб која започна на 20 декември.
Досега се заземени 35 населени места од страна на режимските сили.
Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година, досега, од нападите на режимот и Русија во деескалациската зона во Идлиб животот го загубија повеќе од 1.300 цивили.
Бројот на мигранти што избегаа од местата на кои се спроведуваат интензивни напади кон релативно помирни места во близина на границата на Турција за една година надмина 1 милион.