Mustafa Deveci
24 Декември 2019•Ажурирај: 26 Декември 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили ја урнаа двокатната куќа на Џемал Алјан во окупираниот Источен Ерусалим, со образложение дека нема дозвола за градба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Двокатната куќа во населбата Исевије, Источен Ерусалим, е урната од страна на општинските екипи придружувани од израелската полиција.
Населението, реагирајќи на уривањето на куќата, фрлаше со камења и молотови коктели врз израелската полиција.
Од друга страна, израелската полиција, за да ги растера Палестинците употреби солзавец.
Џемал Ајлан истакна дека пред една година истата куќа била урната од израелските сили со образложение дека нема дозвола за градба.
Израелските сили и во утринските часови урнаа две палестински куќи во населбата Џебел ал Мукебер, во источен Ерусалим, со образложение дека немаат дозвола за градба.
- Уривањата на Израел во Источен Ерусалим -
Израелските власти, кои ги заострија условите за издавање дозволи за градба на Палестинците, уриваат илјадници куќи на Палестинците, со образложение дека немаат дозвола за градба.
Палестинците, истакнувајќи дека израелската општина нема никаква правна основа за уривање на куќите, посочија дека тоа е дел од политиката на Израел за заплашување и јудаизам.
Израелската општина честопати ги наплатува трошоците за уривање од сопственикот чија куќа е уништена.
Палестински извори соопштија дека од 1967 година над 5.000 палестински куќи во Источен Ерусалим биле урнати од израелските сили.