İdiris Okuduci
06 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ
Премиерот на Ирак, Мустафа ел Казими, истакна дека половина од американските војници во Ирак во наредните денови ќе се повлечат од земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во изминатите месеци се повлекоа накои војници како резултат на стратешкиот дијалог постигнат со САД, и половина од овие сили ќе се повлечат во наредните денови“, рече Казими во една видео-снимка објавена по повод Ден на армијата на Ирак.
„Ќе останат не повеќе од стотици војници за соработка во технички прашања, обука и оружје“, нагласи тој во врска со бројот на американските војници кои ќе служат во Ирак.
Инаку, заменик министерот за одбрана на САД, на 17 ноември 2020 година соопшти дека 2.500 од вкупните американски војници кои служат во Ирак, ќе се повлечат од земјата почнувајќи од 15 јануари 2021 година.