Haydar Hadi
29 Јуни 2017•Ажурирај: 30 Јуни 2017
БАГДАД (АА) - Ирачката државна телевизија соопшти дека терористичката организација ДЕАШ е поразена, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Падна лажната (измислена) држава во Ирак“, се наведува во веста на ирачката државна телевизија.
Претходно беше соопштено дека ирачките сили влегле на територијата на големата џамија „Нури“ во Мосул, каде што во 2014 година беше прогласен калифат од страна на лидерот на ДЕАШ, Ебу Бекр ал-Багдади.
Терористичката организација ДЕАШ на 21 јуни, со експлозија ја уништи големата џамија „Нури“ и нејзиното минаре.