İdris Okuducu
01 Ноември 2016•Ажурирај: 02 Ноември 2016
МОСУЛ (AA) - Ирачката војска влезе во населбата Кокјели, на источниот влез во градот Мосул, кој подолго од две години го контролира терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од безбедносни извори, ирачката војска со оклопни возила влезе во населбата Кокјели, на километар од центарот на Мосул.
Ирачкиот воен функционер Талип Кенани вчера изјави дека меѓу терористите на ДЕАШ и војската се водат жестоки борби за Кокјели.