Qays Abu Samra,Zeynep Tüfekçi
01 Ноември 2016•Ажурирај: 01 Ноември 2016
РАМАЛА (АА) - Израелските сили вчера застрелаа вооружен Палестинец кој, наводно, на Западниот Брег ранил тројца израелски војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелската армија соопшти дека Палестинецот извршил напад врз контролен пункт во близина на Рамала, и притоа ранил тројца војници.
Се додава дека израелската војска возвратила со огнено оружје и го застрелала Палестинецот.
Според очевидци, израелските безбедносни сили возвратиле на огнот и усмртиле еден маж.
Израелските сили не им дозволуваат на новинарите пристап до подрачјето каде што се случил инцидентот, според тврдењата на очевидците.
Црвената палестинска полумесечина соопшти дека израелски војници ги спречиле нивните тимови во обидот да се пробијат до местото каде што се случил инцидентот.