Mustafa Keleş
01 Ноември 2016•Ажурирај: 01 Ноември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Со различни костими и манифестации синоќа во Њујорк, на Шестата Авенија, беше одбележана Ноќта на вештерките (Halloween), јавува Anadolu Agency (AA).
Еден од најпопуларните празници во САД е одбележан со 43. традиционална прошетка на која присуствуваа околу 60.000 луѓе и повеќе од 50 музички групи.
Околу милион посетители синоќа ја исполнија Шестата Авенија во Њујорк, со цел да уживаат во разновидноста на бои и костими на Ноќта на вештерките.
На прославата на Ноќта на вештерките во Тексас приведено е едно лице маскирано како Фреди Кругер, поради сомнение дека ранило пет лица.
Ноќта на вештерките се слави секоја година на 31. октомври во Ирска, САД, Канада, Пуерто Рико, Австралија и во Нов Зеланд, а се поклопува со католичкиот празник Денот на сите светци.