Mazin Majeed Asaad Baqal
21 Март 2019•Ажурирај: 22 Март 2019
БАГДАД (АА) - Потона траект на реката Тигар во ирачкиот град Мосул, при што животот го загубија 55 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за здравство на Ирак, Сејф Бедир, во изјава за државната телевизија истакна дека 55 лица загинале во потонувањето на траект во паркот Ел-Џезире, кој се наоѓа на отворени води на реката Тигар кај Мосул.
Бедир информираше дека 33 од загинатите се жени, додека 12 од нив се деца.
Од друга страна, Министерството за внатрешни работи на оваа земја рече дека информациите во врска со случајот и бројот на жртвите ќе бидат соопштени во текот на денот. Се вели дека 30 лица биле пренесени во Институтот за судска медицина во Мосул од страна на претставниците на Министерството за здравство.
Локалните извори тврдат дека траектот имал капацитет од 50 лица.