Hasan Esen
21 Март 2019•Ажурирај: 23 Март 2019
ЛОНДОН (АА) - Синоќа со чекан беа вандализирани четири џамии во британскиот град Бирмингем, додека тимовите за борба против тероризмот се вклучени во истрагата околу овој случај, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според полициското соопштение, една џамија во овој град била оштетена со чекан во 2:32 часот по локално време, додека по 42 минути бил извршен сличен напад врз друга џамија.
Полицијата открила дека уште две џамии биле изложени на слични напади.
Полицијата вели дека веруваат оти нападите се поврзани и дека се собрани докази од местото на настанот, како и тоа дека се контролирани видеоснимките од безбедносните камери.
Полицискиот началник Дејв Томпсон истакна дека по нападите во Нов Зеланд одблизу соработуваат со верниците на верските објекти, со цел поддржување на местата за богослужба како џамии и цркви.
„Во вакви тешки времиња, важно е сите да се обединат против оние кои сакаат да предизвикаат страв, дисхармонија и несигурност кај нашите општества“, рече Томпсон.
Тој, нагласувајќи дека сѐ уште не се знае причината за нападите, додаде:
„Единствено што можам да кажам е дека полицијата и Единицата за борба против тероризмот работат заедно за наоѓање на одговорното лице за случајот.“