Mahmut Atanur
16 Јули 2018•Ажурирај: 17 Јули 2018
ЏАКАРТА (АА) - Селаните во индонезиската покраина Западна Папуа, лути поради напад од крокодили во кој почина едно лице, убија 292 крокодили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Kompas“ јави дека 48-годишниот жител Сугито го загубил животот во нападот на крокодили на фармата за крокодили во кој влегол да собира трева за своите животни.
По смртта на Сугито, селаните одржаа демонстрации пред полициската станица во подрачјето.
Властите прифатија да исплатат надомест на штета на блиските на Сугито, но и покрај постигнатиот договор, селаните убија 292 крокодили.
Дева Маде Сидан Сутрахна, полициски претставник во Соронг, истакна дека безбедносните сили не успеале да ги спречат селаните, и дека истрагата околу случајот е во тек.
Сутрахна нагласи дека фармата во подрачјето е изградена со цел заштита на крокодилите.