Ali Mukarrem Garip
10 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
КИРКУК (АА) - Најмалку 40 припадници на терористичката организација ДЕАШ се убиени во акциите што ирачките сили ги спроведуваат на подрачјето на округот Хавиџа во ирачката покраина Киркук, јавува Anadolu Agency (AA).
Зеки Кемал, командант на силите кои дејствуваат при Хашди Шаби, за АА потврди дека припадници на ДЕАШ се криеле во поле со трски. Според неговите зборови, за време на акцијата на ирачките сили, убиени се 40 членови на терористичката организација.
Кемал потврди дека опасноста не е помината, и покрај тоа што Хавиџа е ослободена од ДЕАШ.
„Претпоставуваме дека на подрачјето на Хавиџа се кријат стотици припадници на ДЕАШ. Дневно имаме десетици пребарувања на теренот поради милитантите кои сѐ уште претставуваат опасност на ова подрачје“, нагласи Кемал.
Тој изрази задоволство поради добрата сорабока со цивилите на ова подрачје, кои помагаат во откривањето на позициите на терористите.