Haydar Karaalp
05 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
БАГДАД (АА) - Ирачката централна Влада го осуди нападот на терористичката организација ПКК врз Пешмерга, на северот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава дадена од прес-службата на премиерот се наведува дека остро се осудува нападот на терористичката организација ПКК врз Пешмерга во Духок.
„Овој напад е напад врз суверенитетот на Ирак. Ќе бидат преземени неопходни мерки за да се запрат ваквите напади насочени кон суверенитетот и безбедноста на земјата“, се нагласува во соопштението.
Вчера припадници на терористичката организација ПКК ги нападнаа силите на Пешмерга во областа Чеманке во Духок. Во нападот загина еден припадник на Пешмерга, а тројца беа повредени.
Пешмерга ja сочинуваат курдски борци од Регионалната курдска управа во северен Ирак.