Erbil Başay
05 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
БЕРЛИН (АА) – Во Германија е забранет протестот против францускиот магазин „Шарли Ебдо“, кој требаше да се одржи на 7 ноември во градот Франкфурт, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите во германските медиуми, Маркус Франк, одговорен за безбедносните работи во Градскиот совет во Франкфурт, истакна дека најавените демонстрации за сабота, на кои се очекува дека ќе учествуваат околу 200 луѓе, претставуваат закана за јавниот ред и безбедноста во градот.
Наведувајќи дека по терористичките напади во Франција и Австрија, заедно со семејствата на загинатите жали и Европа, Франк додаде: „Сметам дека во овој момент во нашиот либерален и отворен град е недозволиво да се одржат демонстрации против сатиричниот магазин Шарли Ебдо.“
Франк додаде дека тоа исто така ќе ги повреди чувствата на оние кои ги загубија своите животи во терористичките напади.
Истакнувајќи дека правото на собирање и слободата на изразување се високи вредности, Франк изјави дека одговорноста за социјалниот мир и заедничките вредности налагаат да не се дозволува напнатоста да се зголемува понатаму.