Tevfik Durul
05 Ноември 2020•Ажурирај: 07 Ноември 2020
АТИНА
Во Грција тројца припадници на терористичката организација ФЕТО фатени се со фалсификувани грчки документи за лична идентификација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на весникот „Катимерини“ (Kathimerini) тројца припадници на ФЕТО биле запрени во центарот на Атина за рутинска полициска контрола.
Забележано е дека овие лица припадници на ФЕТО имале фалсификувани грчки документи за лична идентификација.
Се вели дека припадниците на ФЕТО за време на полициското испрашување се претставиле како „Ѓуленисти“.
Според соопштеното, двајца од осомничените се претставиле како поранешни полицајци, и дека грчките власти го потврдиле ова тврдење на припадниците на ФЕТО.