Ayhan Şimşek
05 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
БЕРЛИН (АА) - Во Германија во изминатото деноноќие регистрирани се 19.990 нови случаи на вирусот Ковид-19, што претставува највисока бројка во земјата во еден ден од почетокот на пандемијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според бројките објавени од Институтот „Роберт Кох“, бројот на заразени во изминатото деноноќие е зголемен за над 2.700, бидејќи вчерашната бројка на заразени изнесуваше 17.214.
Од последиците на вирусот во изминатите 24 часа починаа 118 лица.
Вкупниот број на заразени во земјата изнесува 597.583, а починати како последица на вирусот се вкупно 10.930 лица.
Во Европа, Германија е петта земја по бројот на случаи на Ковид-19, пред неа се наоѓаат Франција, Шпанија, Велика Британија и Италија.