Ekip
24 Март 2025•Ажурирај: 25 Март 2025
Бескрајните оризови полиња во Меконг Делта, каде што се произведува повеќе од половина од вкупниот ориз во Виетнам, продолжуваат да бидат центар на земјоделското производство во земјата, јавува Анадолу.
Локалните земјоделци, иако сè уште се потпираат на традиционалните рачни техники за одгледување жито, постепено прифаќаат модерни технологии за зголемување на ефикасноста, како што е користењето беспилотни летала.
Покрај тоа што претставува главен столб на земјоделството во Виетнам, Меконг Делта е и атрактивна туристичка дестинација.
Овој регион, кој е познат по живописните пејзажи со реки, канали и зелени оризови полиња, плени со својата убавина и привлекува голем број туристи.
Посетителите можат да ги истражат препознатливите пловечки пазари, да уживаат во возење со чамец низ водните патишта и одблизу да го набљудуваат секојдневниот живот на локалните земјоделци.