свет

Израелските сили притворија 10 Палестинци во рации во Западниот Брег

Околу 5.700 Палестинци во моментот се наоѓаат во затворите во Израел, вклучувајќи голем број жени и деца

Ali Abo Rezeg  | 17.10.2019 - Обновена : 17.10.2019
Израелските сили притворија 10 Палестинци во рации во Западниот Брег

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници притворија 10 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од Армијата се наведува дека Палестинците биле притворени под сомнение дека се вмешани во терористички активности.

Израелската војска често спроведува апсења низ Западниот Брег, под изговор дека трага по „барани“ Палестинци.

Според палестинската бројка, околу 5.700 Палестинци во моментот се наоѓаат во затворите во Израел, вклучувајќи голем број жени и деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.