свет

Тајфунот Хагибис ја погоди Јапонија: Загинаа 77 лица

Според информациите во јапонските медиуми, бројот на загинати во катастрофите и несреќите предизвикани од тајфунот Хагибис се зголеми на 77 лица

Ayşe Doğru  | 17.10.2019 - Обновена : 18.10.2019
Тајфунот Хагибис ја погоди Јапонија: Загинаа 77 лица

ТОКИО (АА) - Јапонскиот премиер, Абе Шинзо, ја посети Фукушима, областа погодена од тајфунот Хагибис, каде што најмалку 77 лица ги загубија своите животи, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според информациите во јапонските медиуми, бројот на загинати во катастрофите и несреќите предизвикани од тајфунот Хагибис се зголеми на 77 лица. 

Премиерот Абе посетувајќи ја Фукушима, еден од регионите погоден од тајфунот Хагибис, имаше средби со граѓаните.

Од друга страна, Владата може да ја одложи церемонијата за крунисувањето на царот Нарухито, планирана за во вторник (22 октомври).

Активностите за пребарување и спасување во планинските села кои беа зафатени од тајфунот продолжуваат.

- Поплавени се најмалку 23.000 хектари земја

Министерството за земјиште соопшти дека како последица на тајфунот Хагибис поплавени се најмалку 23 илјади хектари на островот Хоншу.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, поради преливање на водата од реките поплавени се 33.000 куќи, а 1.700 куќи се уништени делумно или целосно.

Јапонскиот метеоролошки институт предупреди дека се можни повторни врнежи во петок и сабота во североисточниот и источниот дел на земјата.

Премиерот Абе, во изјавата дадена вчера истакна дека планираат да потрошат 6,5 милиони американски долари за помош во областите погодени од тајфунот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.