Ahmet Dursun
12 Мај 2021•Ажурирај: 13 Мај 2021
АНКАРА
Шеснаесетгодишно палестинско момче загина како резултат на огнот што го отворија израелските сили во град Тубас на окупираниот Западен брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според официјалната палестинска новинска агенција „WAFA“, израелските војници во утринските часови извршиле рација во градот Тубас на северо-исток од Западниот брег.
Настанале судири меѓу жителите на градот кои реагирале на рацијата и израелските сили.
Израелските војници отворија оган кон цивилите кои сакале да се спротивстават на рацијата.
За време на интервенцијата, како што се наведува во веста 16-годишниот Палестинец Рашид Мохамед Абу Ара загинал откако бил застрелан во вратот и градите.