Jeyhun Aliyev
24 Август 2020•Ажурирај: 25 Август 2020
ГАЗА (АА) - Израелските воени авиони извршија воздушни напади врз позиции на палестинската група на отпорот Хамас во Појасот Газа рано утринава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Цел на авионските напади беше тунел на Хамас и некои воени позиции“, се вели во соопштението на израелската Армија.
Нападите беа изведени како одмазда за пуштањето запаливи балони од Газа, се додава.
Досега нема информации за жртви.
Според информациите добиени од палестински извори, воените авиони нападнале набљудувачки и воени пунктови на бригадите „Изедин ал Касам“, военото крило на Хамас, во градот Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.
Израелската Армија ги интензивираше нападите врз Газа изминатата недела, паралелно со затегнувањето на блокадата со забрана за влез на гориво за единствената електроцентрала во Газа.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно го предупреди Хамас дека Израел секој запалив балон го смета како проектил.