Sinan Doğan,Fuat Kabakcı
24 Август 2020•Ажурирај: 25 Август 2020
АНКАРА (АА) - Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 494 лицa, во Индија 836, а во Мексико 226, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 494 лицa во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 114.744 лицa.
Во Бразил дијагностицирани се 23.421 новозаразени, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи коронавирусот порасна на 3.605.783.
Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 2.739.035.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Индија -
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека како последица на Ковид-19 во последните 24 часа во земјата починале уште 836 лица, со што вкупниот број на починати од овој вирус се искачи на 57.542.
Вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 3.106.348, со зголемување од 61.408 во последните 24 часа.
Досега во земјата од Ковид-19 оздравеа 2.338.035 лица, заразени со коронавирусот.
- Мексико -
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од коронавирусот починале уште 226 лица.
Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 60.480.
Во Мексико се откриени 3.948 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на вирусот во земјата се искачи на 560.164.
Досега во Мексико оздравеа 383.872 лица заразени со Ковид-19.