Nour Mahd Ali Abu Aisha,Halime Afra Aksoy
23 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
ГАЗА (АА) - Израел од граничниот премин „Керм Ебу Салим“, кој е единствениот трговски граничен премин, забрани влез на сите производи во Газа, освен храна и медицински материјали, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за АА, палестински функционер, кој не сакаше да биде именуван, потврди дека: „Израел од трговскиот граничен премин „Керм Ебу Селим“ во опколениот Појас Газа забрани влез на сите производи, освен храна и медицински материјали.“
Палестинскиот официјален претставник изјави дека одлуката на израелската Влада за забрана е доставена до компаниите кои работат во приватниот сектор.
Израелските власти повеќе од една недела го блокираат влезот на градежни материјали и гориво од граничниот премин „Керм Ебу Салим“ во Газа.
Синдикатот на палестинските рибари вчера соопшти дека во последните пет дена израелските сили извршиле 47 прекршувања на правата на палестинските рибари во водите на Газа.
Во последните неколку дена тензиите во Газа, која е под блокада, се зголемени, а израелските авиони вршат чести напади врз Хамас.
Администрацијата на Тел Авив тврди дека палестинските активисти испраќале запаливи змејови и балони кон еврејските населби околу Појасот Газа, кои предизвикуваат пожари.