Ayşe Doğru
06 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер го погоди источниот брег на Тајван, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот Геолошки институт (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 9,4 километри, 14 километри североисточно од областа Хуанг Лиен.
Сè уште нема информации за материјална штета или човечки загуби.
На видео снимките објавени на социјални мрежи, може да се видат голем број оштетени згради и патишта.
Потсетуваме, во недела, на 4 февруари, истата област го погоди земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер.