Gökhan Kavak
27 Август 2024•Ажурирај: 03 Септември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - При уривање на дел од каменолом во Замбија загинаа девет лица, известува Анадолу.
Портпаролот на полицијата, Рае Хамонга, во изјавата за медиумите соопшти дека дошло до уривање во нерегистриран каменолом во Чонгве, кој се наоѓа околу 50 километри источно од главниот град Лусака.
Хамонга истакна дека девет лица ги загубиле животите во уривањето, а едно лице е повредено. Започната е истрага во врска со инцидентот.
Приближно 30 рудари ги загубија животите во уривањето што се случи во отворен рудник за бакар во Северна Замбија во декември 2023 година.