Enes Kaplan
28 Јули 2018•Ажурирај: 29 Јули 2018
ЛУСАКА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше свечено пречекан во Замбија, каде што отпатува по посетата на Јужноафриканската Република, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган допатува во Замбија по официјална посета на Јужноафриканската Република, каде што присуствуваше на Самитот на лидерите на меѓународната организација БРИКС.

Со свечена церемонија беше пречекан од претседателот на оваа земја, Едгар Лунгу. Во делегацијата на турскиот претседател се наоѓаат и министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии, Берат Албајрак, министерот за одбрана, Хулуси Акар, како и министерот за трговија, Рухсар Пекџан.
По свечената церемонија, турскиот претседател Ердоган се состана со неговиот замбиски колега Едгар Лунгу во главниот замбиски град Лусака.
Вчера беа одржани завршните состаноци во рамките на 10. Самит на земјите членки на БРИКС. Меѓу присутните беше и турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кој присуствуваше на работниот состанок.

БРИКС е унија на земји со брза растечка економија, која е составена од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република.
Членките на групата БРИКС претставуваат повеќе од 40 отсто од светската популација.