Ekipa
28 Јули 2018•Ажурирај: 29 Јули 2018
БЕНТОН ХАРБОР (AA) – Американските власти објавија дека пет деца и едно возрасно лице од исто семејство загинале во голем пожар во мотел во Бентон Харбор, во југозападниот дел на сојузната држава Мичиген, пренесува Anadolu Agency (AA).
Властите на Бентон Харбор рекоа дека мотелот „Cosmo Extended Stay“ бил целосно зафатен од оган кога пожарникарите дошле утринава.
Од полицијата наведоа дека децата што настрадале биле на возраст од две до десет години, а дека возрасното лице имало 26 години.
Локалните медиуми известуваат дека едно двегодишно дете било хоспитализирано. Од пожарот беа зафатени 27 соби во мотелот.
Истрагата за причините за пожарот е во тек, а се очекува дека ќе помогне и државната противпожарна служба.