Adem Şalvarcıoğlu
28 Јули 2018•Ажурирај: 29 Јули 2018
РЕДИНГ (АА) - Најмалку 37.000 лица се евакуирани поради шумскиот пожар кој од понеделник е активен на подрачјето на американската држава Калифорнија, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните претставници наведуваат дека пожарот сè уште не е ставен под контрола. Оганот го зафати подрачјето на Шаста и Кесвик, каде што живеат повеќе од 90.000 жители.
Противпожарната служба на Калифорнија (Cal Fire) соопшти дека големиот пожар во северниот дел на земјата уништил 500 објекти, и дека се загрозени уште 5.000. Вонредната состојба и понатаму е на сила. Во гасењето на пожарот помагаат и канадери.
Пожарот до синоќа се прошири на површина од 200 квадратни километри. Пожарот изби во понеделник, а во четвртокот потполно излезе од контрола, уништувајќи две мали општини и достигнувајќи до градот Рединг.
Обидувајќи се да го изгасат пожарот, загинаа и двајца пожарникари.