Ali Murat Alhas
28 Јули 2018•Ажурирај: 29 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Сириската опозиција предупреди дека принудните евакуации од страна на режимските сили во сириската југозападна покраина Дера, се со цел да се промени демографската структура во областа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Режимот на Асад, поддржан од Иран, започна со принудна евакуација во Дера. Истото сценарио се случи и во Источна Гута и Хомс претходно“, изјави на вчерашната прес-конференција претседателот на Националната коалиција на сириските револуционерни и опозициски сили, Абдурахман Мустафа.
„Како резултат на оваа политика на принудна миграција, во Идлиб во моментот има голема густина на населеност“, изјави тој.
Мустафа изјави дека откако САД ги напуштиле овие области каде што беа земја гарант „регионите биле препуштени сами на себе“.
Опозицискиот лидер изјави дека присуството на Турција во Идлиб, како земја гарант, е единствено решение за овој проблем.
„Турција веќе се наоѓа на сириското тло за да обезбеди сигурност“, изјави тој.
„По револуцијата, Турција зазеде став за сирискиот народ и ги исполни своите одговорности во согласност со меѓународните договори“, рече тој и додаде: „Доколку Турција го задржи своето присуство во Идлиб како земја гарант, она што се случи во Дера и другите региони нема да се случи повторно“.
Мустафа рече дека сириската опозиција верува во политичко решение на конфликтот во Сирија.
„Сирискиот народ ќе победи на крајот и покрај придобивките на режимот на терен“, изјави тој.
Тој рече дека сирискиот народ ќе продолжи да се бори додека не се исполнат нивните барања.
Опозицискиот лидер, исто така, додаде дека воената рамнотежа во Сирија се променила во период од 2014 до 2018 година.
„Сепак, тоа не значи дека режимот победил. Режимот ја прошири својата земја благодарение на поддршката од страна на Иран и Русија“, изјави тој.
- Поддршка од страна на Турција
Опозицискиот лидер изјави дека условите во областите од каде што е исчистена терористичката група ПЈД/ПКК се многу подобрени.
„Ја посетивме зоната на „Штитот на Еуфрат“ и Африн и видовме колку многу се подобрени условите таму под контрола на Турција“, вели тој.
Тој изјави дека Турција донела мир и стабилност во тие региони.
„Обезбедени се здравствени и образовни служби. Турција донесе јавен ред и мир“, додаде тој.
Тој изјави дека во тие области, исто така, работат и турската Црвена полумесечина и турската Дирекција за управување со кризи и вонредни состојби (АФАД).
„Сирискиот режим и сојузниците не се задоволни со турското присуство тука, но тие никогаш нема да ги постигнат своите цели“, рече тој.
Сирискиот опозициски лидер изјави дека САД и членовите на ОН, за разлика од Турција, сами ја напуштиле Сирија.
„Турција е единствената земја која остана со сириската опозиција“, изјави тој.
Мустафа рече дека турските воени операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ постигнале безбедност по должината на турската граница и создале безбедносна зона за сириските цивили.
„Она што се случи таму е засновано на заеднички интереси. Турција нè поддржа да го зачуваме сирискиот територијален интегритет и ние се координиравме со Турција“, изјави тој.
Тој рече дека сириската опозиција формирала седум локални собранија во Африн.
„Се надевам дека истото ќе го сториме и во Мунбич“, рече Мустафа и додаде: „Доколку договорот меѓу САД и Турција стапи на сила, сириската опозиција ќе дејствува заедно со Турција. Ќе ги поддржиме чекорите преземени со цел воспоставување локални собранија во регионот, како и во Африн“.