Lokman İlhan
30 Април 2017•Ажурирај: 30 Април 2017
БОГОТА (АА) - Најмалку 20 лица загинаа откако се урна зграда во колумбискиот град Картагена, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми јавуваат дека лекувањето на 16 повредени лица е во тек, и дека се запрени акциите на спасување.
Зградата чија илегална градба беше во тек, се урна во четвртокот, а работниците останаа заробени под урнатините.
Освен тоа, во истиот град се урна и покрив на објект при што, според првичните информации, повредени биле најмалку пет лица.
Истрагите се во тек.