Ekipa
30 Април 2017•Ажурирај: 01 Мај 2017
ЊУЈОРК (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа повторно ги обвини американските медиуми за „нефер критики” во првите 100 дена од неговиот мандат, за време на кој, како што тврди, „исполнувал ветување по ветување”, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот човек на САД, Трамп се обрати на подддржувачите во Пенсилванија и во таа пригода изјави дека е воодушевен што се наоѓа 100 милји оддалечен од „ вашингтонското мочуриште”.
Тој притоа ги обвини водечките американски медиуми за лажно и нереално известување, и додаде дека првите 100 дена од својот мандат во Белата куќа ги смета за многу возбудливи и продуктивни.
Паралелно со тоа, американскиот новинар и истражувач Боб Вудворд, на присутните на вечерта за новинари во Белата куќа кажа дека целта на медиумите е да известуваат точно и објективно.
„Господине претседателе, медиумите не известуваат лажно”, порача Вудворд и изнуди овации од присутните на вечерта, меѓу кои не беше претседателот Трамп, по кое претставува прв шеф на државата кој во изминатите три децении не се појавил на тој настан.
Десетици илјади демонстранти се собраа вчера во Вашингтон кај Белата куќа и протестираа против политиката на администрацијата на Трамп во врска со борбата против климатските промени.
По повод 100-от ден од мандатот, американските медиуми деновиве остро го критикуваат Трамп и неговата администрација поради неисполнети предизборни ветувања.